Хаос во Лондон: Четири лица избодени до смрт, напаѓачот уапсен

пред 3 години

Лондонската полиција уапси маж осомничен дека со нож избодел четири лица во јужниот дел на градот.

Безживотните тела на три жени и еден маж биле пронајдени рано утринава во куќа откако полицијата добила дојава за немири во Саутворк.

Полицијата соопшти дека едно лице е уапсено под сомнение дека го сторил ова дело.

Засега не е познат мотивот, но се шпекулира дека жртвите ги познавал од претходно.

Според полицијата, повикот го добиле околу 2 часот по полноќ и дека морале насилно да влезат во објектот.

Share
Scroll to Top