Блинкен: Украина ќе постои многу подолго од Путин на политичката сцена

пред 3 години

Блинкен пристигна во Киев, каде што разговараше со претседателот Володимир Зеленски, министерот за надворешни работи Дмитриј Кулеба, министерот за одбрана Алексеј Резников и други украински претставници, пренесува Ројтерс.

„Русија имаше намера да го одземе суверенитетот на Украина, да и ја одземе независноста, но не успеа“, рече Блинкен за време на прес-конференција на непозната локација во близина на полско-украинската граница.

„Се разбира, го гледаме токму спротивното. Не знаеме како ќе продолжи оваа војна, но знаеме дека суверена и независна Украина ќе трае многу подолго од Путин на политичката сцена“, рече Блинкен.