По повеќе од три часа преговори, СОНК и Владата успеаја да договорат 12 процентно зголемување на платите на наставниците.
„ Се усогласивме со ставовите во рамки на условите на државата и што може да се издвои за платите, дојдовме до процент што ќе започне да се исплаќа од месец јули… Се работи за 12 проценти на сегашните плати со додатоци што следуваат“ рече Неделков по преговорите во Владата.
Како што кажа Неделков, со настава би се почнало во среда, со оглед дека утре ќе имаат консултации со членството на СОНК.




