Диетата на Џенифер Лопез - Reporter.mk

Диетата на Џенифер Лопез – Reporter.mk

пред 4 години

Редовен тренинг и балансирана исхрана ова е тајната на фит телото на 52 годишната пејачка Џенифер Лопез.

Нејзиниот личен тренер Дејвид, открива дека тренингот на Џеј Ло се состои од комбинирани кардио вежби за целото тело како и специфични само за долниот дел на тело. Таа грижи за својата рутина и начин на живот надвор од теретана, внимава што јаде и колку спие.

Латино дивата е позната по својата речиси воена исхрана. Јаде претежно зелен лиснат зеленчук, особено брокула, додека консумира само овесна каша, кафеав ориз, киноа и компири.Нејзиното мени вклучува есенцијални протеини кои ги добива од месо и риба, додека овошјето и зеленчукот најчесто ги консумира сирови. Кафето го пие исклучиво без кофеин.

Го избегнува внесувањето на рафинирани шеќери, но неодамна истакна дека единственото нешто на кое не може да одолее е чоколадната торта на нејзината мајка. Пие и два литра вода дневно и спие најмалку осум часа.

Share
Scroll to Top