Руските олигарси имаат импресивни јахти, додека морнарицата користи брод стар 110 години

пред 2 години

Рускиот претседател Владимир Путин се декларира како голем патриот ширум светот, се фали со модерните вооружени сили, а реалноста е всушност поинаква – збогатувајќи го него и луѓето блиски до него, пишуваат медиумите во светот.

Анализираат дека руската морнарица го користи бродот „Комуна“ стар речиси 110 години за да ја испита несреќата на „Москва“, моќниот руски брод кој наводно бил уништен од Украинците.

И додека морнарицата користи „историски“ бродови, руските олигарси имаат неверојатни јахти, пренесува „Гласот на Америка“.

За работите да бидат подобри, гордоста на руската Црноморска флота, бродот „Москва“ е на дното на морето. Украинските проектили го уништија моќниот руски брод, иако Русите тврдеа дека имаат модерен одбранбен систем. Бродот „Комуна“ кој ќе го истражува потонатиот брод „Москва“, бил изграден во 1913 година за време на владеењето на царот Николај Втори, пренесуваат медиумите.

Според нив, руските олигарси, пак, ги поседуваат најдобрите јахти во светот. Еден од нив е оној во сопственост на Алишер Усманов, кој вреди дури 800 милиони долари. Таа јахта вреди повеќе од „Москва“.

Share
Scroll to Top