Ќе доаѓам во Софија толку често колку што е потребно за да се донесе решение до јуни оваа година. Војната ни покажува дека немаме време за губење. Не само што немаме време, туку немаме интерес да губиме повеќе време. Ова го изјави еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји, кој учествува на форум во Софија.
Еврокомесарот рече дека е крајно разочаран што се уште се разговара за почеток на преговори со Северна Македонија и со Албанија.
„Не можам да сокријам дека сум крајно разочаран што ова прашање се уште е на дневен ред. Мислевме дека го решивме пред две години, но сега излезе дека прашањето повторно е на дневен ред, рече Вархеји.
За време на форумот, на која се собираат политичари од Европа и други достоинственици во Софија, Оливер Вархеји рече: Сите земји-членки мора да веруваат во моќта на процесот на проширување. Бев во Софија пред две или три недели и сега сум повторно тука и секогаш ќе бидам среќен да доаѓам во Софија толку често колку што е потребно за да донесеме одлука до јуни оваа година.
Вархеји по Софија, утре доаѓа во Скопје, во рамки на неговата турнеја низ регионот која ги опфаќа и Хрватска, Бугарија и Албанија.