Одлуката да се запре снабдувањето со руски гас за клиентите во Европа е инструмент за уцена, вели претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.
„ Потегот е неоправдан и неприфатлив и ја покажува несигурноста на Русија како снабдувач со гас“, рече Фон дер Лајен.
Таа рече дека земјите-членки на ЕУ имаат планови за ова сценарио и дека Европската комисија е во близок контакт со членките за да обезбеди алтернативни испораки и најдобри нивоа на складирање низ целиот блок.
„ Сега се одржува состанок на Координативната група за гас за да се утврди координиран одговор на ЕУ“, додаде шефицата на ЕК.
„ Ние исто така ќе продолжиме да работиме со меѓународните партнери за да обезбедиме алтернативни текови, ќе продолжам да работам со европските и светските лидери за да се обезбеди сигурност во снабдувањето со енергија во Европа“, порача таа.