Русија ја предупреди Јапонија и се закани со одмазднички мерки доколку заедничките поморски вежби со САД се прошират во близина на источните граници на Русија, пишува Си-Ен-Ен.
var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);
Оваа закана е само продолжение на конфликтот Москва-Токио. Москва е бесна затоа што Јапонија и даде недвосмислена поддршка на Украина и се доближува до земјите-членки на НАТО. Русија и Јапонија, всушност, имаат нерешени односи од крајот на Втората светска војна поради островите кои тогаш беа окупирани од советските сили, анализираат медиумите.
Рускиот заменик-министер за надворешни работи Игор Моргулов изјави дека американско-јапонските поморски вежби се потенцијално офанзивни по природа, според извештајот на руската државна новинска агенција РИА-Новости.
„Ваквите постапки на јапонската страна ги гледаме како закана за безбедноста на нашата земја“, рече Моргулов.
„Доколку таквата практика се прошири, Русија ќе преземе одмазднички мерки во интерес на зајакнување на своите одбранбени капацитети“, додаде тој.
Сепак не прецизираше за кои американско-јапонски вежби станува збор, ниту експлицитно наведе како би можело да изгледа руската одмазда.
Морнарицата на САД и Јапонија минатата недела ги завршија заедничките вежби во Источното Кинеско и Филипинското Море.
Претходно во месецот, американската војска спроведе слични заеднички вежби во Јапонското Море, каде Русија има долг брег. Според американската морнарица, САД и Јапонија рутински одржуваат заеднички поморски вежби во Индо-Пацификот за да се одржи стабилноста во слободниот и отворен регион.