Откако милијардерот Илон Маск го купи „Твитер“, твиретџиите почнаа да пишуваат што сè тој би можел да направи за човештвото. На забавата се приклучи и Маск, кој напиша: „Следно ја купувам Кока-Кола за да го вратам кокаинот во неа“. Овој твит доби над два милиони лајкови.
Во коментарите се појави и слика од стар твит на Маск: „Сега ќе го купам Мекдоналдс па ќе ги поправам сите машини за сладолед“, но и шега дека ќе го купи и „Фејсбук“, па ќе го избрише.
Next I’m buying Coca-Cola to put the cocaine back in
— Elon Musk (@elonmusk) April 28, 2022
Милијардерот, кој има 87 милиони следбеници на „Твитер“ на крајот напиша: „Слушајте, не можам баш да изведувам чуда. Ајде да го направиме Твитер максимално забавен“.
Сепак, мислењата на луѓето се поделени како ќе изгледа во иднина оваа социјална мрежа и што ќе се случува со слободата на говор. Едни се плашат од негативните последици, а други се воодушевени што Маск е нов сопственик.