Грција планира да ја подмири сметката кон рускиот снабдувач со гас „Гаспром“ следниот месец, на начин што нема да ги прекрши санкциите на Европската унија против Русија, изјави денеска грчкиот министер за енергетика Костас Скрекас.
var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);
На главната грчка компанија за гас ДЕПА, на 25 мај и доспева сметката за исплата на „Гаспром“ за априлските испораки на гас, изјави Скрекас за грчкото радио „Скај“, без да прецизира во која валута ќе се врши плаќањето, пренесува „Ројтерс“.
„Ќе плаќаме на начин што нема да ги прекрши санкциите и со кој се обезбедува енергетската безбедност на нашата земја“, додал министерот.