Министерството за образование и наука ја поздравува денешната одлука на СОНК за мирување на штрајкот, која пред сé е во интерес на учениците и континуитет на процесот на образование и со која се обезбедува уставно загарантираното право на образование на децата.
var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);
Тргнувајќи од итноста за заштита на јавниот интерес на граѓаните, правото на образование и последиците кои можат да настанат во случај кога овој процес е прекинат, а воедно земајќи ги предвид и барањата на СОНК, Министерството за образование и наука постапи согласно Законот за мирно решавање на работните спорови и во текот на денешниот ден упати барање до Министерството за труд и социјална политика за одредување на помирувач во овој процес.
Со оваа одлука, Министерството за образование и наука ја искажува спремноста за продолжување на процесот на преговори со социјалните партнери и изнаоѓање на најдоброто решение за сите во овој случај.
Министерството, односно Владата, се и ќе бидат партнери на синдикалните организации, преку обезбедување на социјален дијалог со цел унапредување на работничките права на граѓаните на Република Северна Македонија и во тој процес сме отворени за континуирана соработка и размена на мислења и ставови, чија цел ќе придонесе кон подобри работни услови и мотивирани просветни работници, што ќе влијае и на зголемување на квалитетот на образованието.