Бочварски: Годинава ќе има силна изградба на патишта

пред 3 години

Оваа година ја бележиме како година во која имаме предвидено историски најголем буџет за изградба и реконструкција на патната мрежа низ државата, истакна министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски на Форумот по повод 100 дена Влада.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

„Го завршивме експресниот пат Штип-Радовиш, инвестиција од преку 60 милиони вера. Работиме активно на изградба на автопатот Кичево -Охрид, а во меѓувреме цел еден тим работи на процесот за доизградба на Коридор 8 на ниво на модерен автопат“, посочи министерот, додавајќи дека се работи и на изградбата на автопатската делница од Скопје до граничниот премин Блаце кон Косово.

Во однос на експресните патишта, тој потенцира дека на терен има, како што рече, силна градежна активност на трите експресни патишта за што се инвестирани вкупно 135 милиони евра.

Бочварски додаде дека се продолжува и со реализација на капиталните инвестиции во делот на Железницата каде се очекува оваа година да се започне со изградба на пругата кон Бугарија, од Куманово до Крива Паланка.

„Градежната механизација е секаде на терен, следува силна градежна сезона оваа година која ќе продолжи и во следниот период. Само да илустрирам во бројки што во моментот градиме, а тоа е 59 километри автопатски делници, а се подготвуваме за нови 140 километри автопатски делници. Се градат 118 километри експресни патишта од кои веќе привршуваат 54 километри. Во делот желеницата, во поновата историја на државата ова е најголемата инвестиција со околу 200 милиони евра за изградба на двете фази кон Бугарија“, истакна министерот Бочварски.

Тој најави дека во следниот период ќе се работи и на реконструкција на магистралните и регионалните патни правци како и санација на локалните патишта во општините како директна помош за општините.