Хана, ќерката на Тамара Тодевска, денес полни шест години. Пејачката објави неколку слики и се сети на денот кога таа се родила. Тамара објави слики од болница, додека Хана била бебе, но и со братот и со нивното куче. Потоа, напиша порака на секоја од сликите: „Мамина убавица, живот мајкин, мамино прво око, мамина глумица“, а вели и дека Хана е сестра каква што секој би посакал.
Хана е прво дете на Тамара и нејзиниот сопруг Александар, кои го имаат и синот Дарин. Тие претходно ѝ организираа интересни журка со многу гости, но последните родендени поради ковидот ги славеа во карантин. Хана има и свој инстаграм-профил, Дневна доза Хана, каде што Тамара споделува слики и видеа од својата ќерка.