Пејачката Сузана Гавазова донираше фустани за матурантките од основното училиште „Никола Карев“ во Струмица кои не се во можност да купат фустани за нивната матурска вечер.
„Многу е убаво кога ќе направиш добро дело, а уште повеќе кога во тоа некој ќе те поддржи . Нашата акцијата под име “Подари ,израдувај некого” доби многу голем оддек во општината и пошироко и добивме многу донации во прекрасна гардероба за девојки и момчиња. Имаме голема чест и се радуваме што и нашата естрадна уметничка Сузана Гавазова ја препозна и поздрави нашата добра намера па дури и се вклучи во неа. Вчера не посети во училиштето и донираше повеќе фустани од својата гардероба која ја носела на настапи. Ви благодариме од срце што и Вие придонесовте да израдуваме некое девојче “, стои во објавата на училиштето.
Пејачката објави и видеа од училиштето каде завршиле голем број познати спортисти, помеѓу кои и Пандев каде има и негов дрес.