Најголемиот германски фестивал на пивото, Октоберфест, оваа година ќе се одржи по двегодишна пауза, откри градоначалникот на Минхен, Дитер Рајтер. Фестивалот ќе се одржи меѓу 17 септември и 3 октомврии на овогодинешниот настан нема да има ограничувања за коронавирусот.
Во изминатите две години Октоберфест беше откажан поради пандемијата со короната. Тој има 200-годишна историја, но подолги паузи кога не се одржувал имало само за време на војни.
Пред пандемијата, Октоберфест го посетуваа околу шест милиони луѓе од целиот свет.