Бајден има план – Русите доаѓаат во Америка?

пред 2 години

Американскиот претседател Џозеф Бајден сака да ги намами водечките руски научници да се преселат во САД, пишува „Њујорк Тајмс“.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

Според весникот, тој испратил предлог до Конгресот за поедноставување на процесот на издавање американски визи за руските научници кои сакаат да ја напуштат својата земја во екот на специјалната операција во Украина.

Како што се наведува, Бајден се обидува да го забрза одливот на мозоци од Русија и да ја лиши Русија од најталентираните граѓани.

Сепак, оваа мерка, како што пренесуваат медиумите, ќе важи само за граѓаните на Русија со магистерски или докторски студии во области како што се вештачка интелигенција, нуклеарна технологија или квантна физика. Според претставниците на американската администрација, тој потег би донел двојна корист – би и наштетил на Русија, а би бил во корист на Америка.

Пред пандемијата на коронавирус, на околу 1.800 Руси законски им беше одобрен постојан престој секоја година врз основа на истакнати истражувачи или експерти со високо ниво на образование.

Според „Њујорк Тајмс“, дури и да биде одобрен последниот предлог на Белата куќа, сите апликанти сепак ќе треба да исполнуваат други услови, вклучително и безбедносни проверки.

Тамошните гласила потсетуваат дека американскиот претседател Џо Бајден побара од американскиот Конгрес да одобри дополнителни средства за помош на Украина во износ од 33 милијарди долари. До Конгресот е испратен и пакет иницијативи за конфискација на имотот на руските олигарси.

Share
Scroll to Top