ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ја доведе Македонија во национална катастрофа

пред 3 години

Со СДСМ и ДУИ на власт Македонија се наоѓа во безизлезна ситуација, потоната во кризи во која граѓаните се повеќе осиромашуваат. Стандардот од ден во ден опаѓа, а криминалната влада покажа дека нема ниту решенија, а ниту способност да го запре тонењето на државата, напротив тие ја доведоа Македонија во национална катастрофа, се истакнува во писмената реакција од ВМРО-ДПМНЕ.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

„Наместо да растат плати, расте криминалот, расте корупцијата, расте инфоацијата и расте немаштијата. Оваа влада која стана креатор на кризите не може да биде решението за излез од нив, а Македонија и граѓаните повеќе немаат време за чекање. Токму затоа ВМРО-ДПМНЕ нуди пакет предлози за излез од кризите и оваа тешка состојба во која западнаа државата и македонските граѓани. Предлагаме четири тима во најкритичните области економијата, надворешната политика, здравство и образование. Тие тимови про боно ќе помогнат да се најдат решенија за проблемите на граѓаните се до предвремените парламентарни избори за излез од политичката и економската криза“, потенцираат од оваа опозициска партија.

Сега не е време, додаваат од таму, за терање инает, туку време за одважување и ставање на државните интереси пред партиските. Оценуваат дека токму затоа СДСМ и Ковачевски треба да ја прифатат оваа понуда на ВМРО-ДПМНЕ.

„Доколку Ковачевски не може да донесе одлука, ВМРО-ДПМНЕ е спремно да разговара со било кој од СДСМ кој ги носи одлуките, без разлика дали е тоа Зоран Заев, Шекеринска или некој друг. Македонија и граѓаните мора да излезат од кризата и сиромаштијата. Затоа итно се неопходни промени кои единствено ќе дојдат преку предвремени парламентарни избори“, порачуваат од партијата на Мицкоски.

Share
Scroll to Top