(Видео) Маркоска: Се грижиме за правата на работниците, растат платите, невработеноста опаѓа

пред 3 години

Вложувањето во човечкиот капитал уште од првите недели од владеењето на СДСМ е врвен приоритет. Преку отворен и инклузивен дијалог, за само четири и пол години минималната плата успеавме да ја зголемиме двојно. Ако минималната плата во 2017 во поедини дејности изнесуваше 8.800 денари, денес тааизнесува 18.000 денари во сите дејности, истакна на денешната прес-конференција Даниела Маркоска, пратеничка на СДСМ.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

Важно е да се напомене, додаде таа, дека последното зголемување на минималната плата од 15.200 денари на 18.000 се реализира во време на најголема светска економска криза.

„Со растот на минималната плата, следува зголемување на сите плати во сите сектори во период од шест месеци, согласно членот 8 од Законот за минимална плата.
Грижата за работниците не е само зголемување на платите, туку и унапредувањето на работничките права. Денес, работниците се позаштитени, имаат поголема економска и правна сигурност на своите работни места, а се регулираат и нестандардните форми на вработувања“, истакна Маркоска.

„Преку одговорни економски политики, обезбедивме отворање на нови и добро платени работни места и намалување на стапката на невработеност која денес изнесува под 16 отсто. Борбата за унапредување на работничките права е постојан и двонасочен процес. Затоа Владата предводена од СДСМ е во постојан контакт со синдикатите и работодавците за низ социјален дијалог да се дојде до решенија кои значат подобри услови за работа“, нагласи Маркоска.