(Видео) Гори воен објект во Русија

пред 4 години

Едно лице е повредено во пожар што избувнал во воен комплекс во јужниот руски град Белгород, на границата со Украина, соопшти гувернерот на Белгородската област. Гувернерот Вјачеслав Гладков изјави дека локален жител се здобил со полесни повреди и не е во животна опасност. Тој, исто така, рече дека седум градби биле оштетени во пожарот.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

Од Министерството за одбрана не се изјаснија за инцидентот, а причината за пожарот не е позната. Агенцијата „Ројтерс“ не била во можност да ја потврди вистинитоста на изјавата.

На фотографиите објавени на социјалните мрежи се гледа облак од чад кој се издига над градот. „Ројтерс“ посочува дека засега не може да се потврдат овие извештаи.

Во одделен случај, гувернерот на регионот Курск, кој исто така граничи со Украина, рече дека е оштетен железнички мост што го користат товарните возови.

Во запис објавен на неговиот профил на „Телеграм“, гувернерот Роман Старовојт го нарече инцидентот саботажа.

Минатиот месец Русија ја обвини Украина за хеликоптерски напад врз складиште за гориво во Белгород, за што Киев не презеде одговорност, како и за бомбардирање на села и ракетирање на складишта за муниција.

Share
Scroll to Top