Украинците тврдат дека бил ранет главниот командант на руската војска

пред 3 години

Вaлери Герасимов, врховен командант на руската армија, наводно бил ранет во Украина.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

Веста за наводното ранување ја објави германски „Билд“, повикувајќи се на украински медиуми и официјални претставници. Информациите не се потврдени.

Герасимов (66) наводно бил погоден од шрапнел во десната нога. Нема опасност по неговиот живот, се додава во извештаите. Веста за ранувањето на Герасимов ја објави и поранешниот украински министер за внатрешни работи, Арсен Аваков.

Повредите, пишува „Билд“, се случиле во близина на градот Изум во саботата. Во истиот напад на командниот центар на руската армија, според советникот на украинскиот министер за внатрешни работи, Антон Герашченко, загинале неколку високи руски воени службеници.

Герашченко не пишува за ранувањето на Герасимов, но вели дека се знае дека бил таму.

Share
Scroll to Top