Рома и Болоња одиграа без голови во последниот меч од денешната програма во Серија А. Болоња по триумфот над Интер демонстрираше максимална мотивација и против тимот на Жозе Мурињо на „Олимпико“.
Португалскиот стратег сепак сочува дел од силите на своите фудбалери за реванш натпреварот против Лестер во полуфиналето на Конференциската лига на УЕФА.
Рома по ова реми се наоѓа на петтата позиција со 59 бода, додека Болоња е на 13. позиција.