Германија нема смртни случаи од Ковид за прв пат по седум месеци

пред 3 години

Германија не забележа ниту еден смртен од коронавирус во изминатото деноноќие, за прв пат по повеќе од седум месеци.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

Податоците од Институтот Роберт Кох објавени во понеделник наутро во последните 24 часа покажуваат дека нема смртни случаи од Ковид-19 за прв пат од 21 септември минатата година. Можни се подоцнежни промени или ажурирања, а здравствените власти генерално бележат пониски стапки на смртност за време на викендите.

Германските здравствени власти регистрираа 4.032 случаи на Ковид-19 во последните 24 часа.

Германија има регистрирано 24.813.817 потврдени инфекции со Ковид-19 и 135.461 смртни случаи од почетокот на пандемијата, но реалните бројки се веројатно многу поголеми бидејќи се верува дека многу случаи не се регистрирани.

Share
Scroll to Top