Зеленски за скандалозната изјава на Сергеј Лавров: Немам зборови

пред 3 години

Русија ги заборави сите лекции од Втората светска војна, рече украинскиот претседател Володимир Зеленски во своето редовно ноќно видео обраќање, коментирајќи ја скандалозната изјава на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров дека „Адолф Хитлер имал еврејска крв“ и „најжестоките антисемитисти се обично Евреи“.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

– Ваквите антисемитски изјави значат дека Русија ги заборавила сите лекции од Втората светска војна. А можеби и никогаш не ги научиле – рече Зеленски.

Изјавите на Сергеј Лавров предизвикаа жестока реакција од Израел. Шефот на дипломатијата на земјата ги нарече „непростливи и скандалозни“, додавајќи дека „Евреите не се самоубиле во Холокаустот“.

– Поради овие изјави денеска имаме голем скандал во Израел. Но, не слушаме зборови на извинување од Москва. Само тишина. Како може да се каже такво нешто во пресрет на годишнината од победата над нацизмот? Тие зборови значат дека шефот на руската дипломатија ги обвинува Евреите за злосторствата на нацистите. Немам зборови… – рече Зеленски.

Share
Scroll to Top