Амбер Херд ќе глуми помалку од 10 минути во новиот „Аквамен“

Амбер Херд ќе глуми помалку од 10 минути во новиот „Аквамен“

пред 4 години

Амбер Херд ќе глуми помалку од 10 минути во „Аквамен 2“. Оваа одлуката ја донесоа продуцентите откако фановите покреноа петиција да таа биде исфрлена од филмската екипа.

dobivaj vesti na viber

Петицијата беше покрената уште во 2019 година, а ја покрена Жан Ларсон. Таа рече дека Амбер е насилник и дека откажувањето на нејзиното појавување во „Аквамен 2“ ќе спречи тоа да биде глорифицирано.

„Мажите се жртви на семејни злоставувања, исто како и жените. Тоа мора да се препознае и мора да се превземат мерки за да се спречи ширење на познатите злоставувачи во забавната индустрија“, стои во петицијата која ја потпишаа два милиони фанови.

„Направете ја вистинската работа. Тргнете ја Амбер Херд од „Аквамен 2“, стои како заклучок.

Инаку петицијата повторно стана актуелна поради судската парница меѓу Амбер и Џони Деп. За потсетување, Двајцата влегоа во четвртата недела од судскиот процес во Вирџинија.

Деп бара од Амбер 50 милиони долари поради текст која ја објави во „Вашингтон Пост“, во кој тврди дека е жрвта на семејно злоставување.

Амбер возврати со контратужба и бара од него 100 милиони долари затоа што смета дека со неговата тужба, тој сака да ја уплаши и да ја замолчи. Тоа во Америка е противзаконско.

Share
Scroll to Top