Веќе некое време е познато дека Infinity Ward ќе објави нова Call of Duty игра оваа година, а сега и официјално ја објави Activision Blizzard.
Call of Duty: Modern Warfare 2 (2022) ќе биде продолжение на рестартирањето на Modern Warfare (2019), а играта ќе биде објавена подоцна оваа година – најверојатно во ноември.
„Овогодинешниот Call of Duty е продолжение на Modern Warfare од 2019 година, што е најуспешниот наслов досега и ќе биде најнапредното искуство во историјата на франшизата“, велат од Activision Blizzard.
На Твитер е објавено и ново лого на Modern Warfare 2.
#ModernWarfare2 pic.twitter.com/5wgtkph59W
— Infinity Ward (@InfinityWard) April 28, 2022
Infinity Ward ја освежи серијата Modern Warfare во 2019 година, иако некои познати ликови се вратија. Овогодинешниот наслов ќе биде продолжение на таа игра и ќе биде одделен од оригиналниот Modern Warfare 2, кој дебитираше во 2009 година.
Call of Duty: Modern Warfare 2 ќе има задача да ја врати франшизата на нозе, откако Call of Duty изгуби повеќе од 50 милиони играчи пред објавувањето на Vanguard. Потоа, во 2023 година, се очекува целосно рестартирање за Warzone 2.