Пејачката Сара Гигова ја промовира новата песна, баладата „Ранливи“. По „Ладно лето“, што ја промовираше лани, таа и овој пат на песната работеше со Лазар и Магдалена Цветкоски.
„Со нетрпение го очекував овој ден, бидејќи ја обожавам песната. Да бидам искрена, неколку мои најблиски веќе од поодамна ја слушнаа ‘Ранливи’ и морам да признаам дека ме израдуваа нивните први реакции. Се надевам дека јас, Лазар и Ена сме направиле песна која ќе допре до многумина“, рече Сара.
За песната Сара сними и спот на неколку локации во Скопје и околината. Режисер е Ѓорѓи Вацев, а во спотот глуми и моделот Христијан Стојаноски.
„Следната песна ќе излезе многу скоро, веќе размислувам каде ќе бидат локациите за следниот спот“, вели таа.