Молдавија се подготвува за можни итни случаи

пред 3 години

И покрај провокациите на проруските сепаратисти во последните денови, Молдавија не гледа непосредна закана од немири од Украина, но прави планови за вонредни ситуации и песимистички сценарија, изјави денеска претседателката на таа земја Маја Санду.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

Минатонеделните обвинувања против Киев од страна на проруските сепаратисти од самопрогласената Придњестровска Молдавска Република, кои тврдеа дека украинските сили се одговорни за бројни напади и експлозии, ги зголемија стравувањата дека Молдавија може да биде вовлечена во украинскиот конфликт, пренесува Ројтерс.

Санда и нејзината прозападна влада ги обвинија „сепаратистичките фракции кои поттикнуваат војна“ во отцепеното Придњестровје за овие инциденти.

Претседателот на Молдавија го осуди и коментарот на руски генерал кој рече дека една од воените цели на Москва е да ја окупира украинската територија и да се поврзе со сепаратистите во Молдавија.

Киев претходно ја обвини Москва дека се обидува да ја вовлече Молдавија во војна, а Кремљ изрази загриженост поради ситуацијата во сепаратистичкиот регион Молдавија, каде Русија има стационирани стотици свои војници по распадот на Советскиот Сојуз, пренесува Ројтерс.

Share
Scroll to Top