Европската комисија предложи замрзнување на имотот на патријархот Кирил, поглаварот на Руската православна црква.
var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);
Патријархот е додаден на црната листа, која веќе вклучува стотици воени офицери и бизнисмени блиски до Кремљ, кои ЕУ ги обвинува дека ја поддржуваат војната во Украина.
Усвојувањето на санкцијата за патријархот Кирил, која би вклучувала замрзнување имот и забрана за патување, бара поддршка од членките на ЕУ, пренесува Ројтерс.
Дипломатите на ЕУ ќе се состанат оваа недела за да разговараат за санкциите, дел од поширокиот пакет предложен од Европската комисија во среда, вклучувајќи ембарго на нафта и нови ограничувања за руските банки.
Првиот состанок на претставниците на ЕУ во средата заврши без договор, најмногу поради критиките на некои земји за забраната за увоз на руска нафта и други мерки поврзани со нафтата, пренесува Ројтерс.