Советникот на Зеленски: Не планираме контраофанзива пред средината на јуни

пред 2 години

Малку е веројатно дека Украина ќе започне контраофанзива против Русија пред средината на јуни, кога се очекува да има значително повеќе оружје донирано од сојузничките сили, изјави советникот на украинскиот претседател Володомир Зеленски.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

Политичкиот советник Олексиј Арестович исто така рече дека не очекува офанзивата да донесе значителни резултати за Русија до Денот на победата, на 9 мај.

За потсетување, Русија на тој датум ја слави победата над нацистичка Германија во Втората светска војна.

Советникот на Зеленски воедно рече дека се водат борби во фабриката за челик „Азовстал“, во која се сместени украински борци и цивили од Мариупол, но не наведе детали.

Share
Scroll to Top