Во последните недели сè повеќе се зборува за плановите на рускиот претседател Владимир Путин за прославата на Денот на победата која Русија ќе ја организира в понеделник, 9 мај. Украина тврди дека рускиот претседател тој ден ќе го искористи за да објави масовна мобилизација.
var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);
Камил Галеев, аналитичар и експерт за Русија, верува дека Путин навистина би можел да го направи тој чекор, што всушност би било голема грешка што може да има далекусежни последици за него.
„Судејќи според природата и навиките на Путин, би проценил дека веројатноста да објави масовна мобилизација на 9 мај е некои 20 отсто. Тој може да ја подигне улогата, главно поради ПР ефектот и зајакнувањето на легитимитетот, но тоа веројатно ќе биде голема грешка“, изјави Галеев, цитиран од „Скај њуз“.
„Путин може да прогласи масовна мобилизација, но таа потоа ќе биде спроведена во ситуација кога нема речиси никаква инфраструктура и никаков организациски капацитет за таква мобилизација“, додаде тој.
„Во случај на целосна мобилизација, ќе имаме касарни и капацитети за обука преполни со огромен број слабо мотивирани регрути. Овие регрути знаат дека ќе бидат испратени во Украина каде што најверојатно ќе умрат. Ова е револуционерна ситуација“, рече Галеев.
„Мислам дека сегашната веројатност за успешен масовен бунт во Русија е блиску до нула. Меѓутоа, во случај на масовна мобилизација, таа веројатност вртоглаво ќе порасне. Ќе имате куп вооружени луѓе со непосреден личен интерес за соборување на режимот“, додаде тој.