(Видео) Медицинска сестра која ги изгуби нозете во експлозија во Украина, го одигра првиот свадбен танц во болница

(Видео) Медицинска сестра која ги изгуби нозете во експлозија во Украина, го одигра првиот свадбен танц во болница

пред 3 години

Дваесет и тригодишната медицинска сестра од Лавов, Оксана, која пред неколку недели остана без двете нозе, сега се венчаше во болница и го играше првиот свадбен танц со сопругот Виктор.

dobivaj vesti na viber

Тие се венчаа во болницата неколку недели по несреќата. Покрај двете нозе, Оксана останала и без четири прсти на левата рака. Со Виктор се венчаа во болничкиот оддел каде таа се опоравува од операцијата. Оксана ги изгуби нозете и прстите откако мина експлодираше под неа.

Несреќата се случила на 27 март во градот Лисичанск, на истокот од Украина. Во тие моменти и Виктор бил со неа. Од нејзиното лекарско здружение рекоа дека мината експлодирала кога Оксана и Виктор тргнале на пат кон дома. Пред експлозијата таа се обидела да го предупреди Виктор.

За среќа тој останал неповреден, а Оксана била во животна опасност. Потребни биле четири операции за да ѝ го спасат животот. На крајот била однесена во Днепар каде продолжила да закрепнува.

Share
Scroll to Top