Принцот Вилијам се нафати да ги обедини „Спајс Грлс“

Принцот Вилијам се нафати да ги обедини „Спајс Грлс“

пред 2 години

Принцот Вилијам сака да им помогне на девојките од Спајс Грлс повторно да се обединат. Ова го изјавила поранешната членка на групата, Мел Би откако имала краток разговор со принцот Вилијам во Бекингемската палата.

dobivaj vesti na viber

Мелани Браун беше наградена на церемонијата за инвестирање во Бакингемската палата, таа доби заслуга за организирање добротворни цели за жени од ранлива категорија.

Како што открила Мел Би за магазинот „Д Сан“, принцот Вилијам ја прашал дали тие како група повторно ќе се обединат, и дека тој може да помогне во таа идеја.

На церемонијата, Мел Би носеше црвен фустан со потпис на Викторија Бекам, некогашна членка на Спајс Грлс.

Мел Б во едно интервју за BBC Channel 4 изјави дека од секогаш се залагала за повторно обединување на групата Спајс Грлс. Планот бил во 2023 спајсиците да одржат турнеја, но пандемијата им ги изместила плановите.

 

 

Share
Scroll to Top