Автомобил удри во двајца пешаци во Берово, со тешки повреди се пренесени во болница

пред 4 години

Двајца пешаци со тешки повреди завршија во болница откако во нив уди автомобил на локалниот пат во Русиново, Беровско.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

„На 6 мај во 13 часот во СВР Штип било пријавено дека на локалниот пат с.Русиново-Русинска крстосница, на место викано „Шталите“, атар на с.Русиново, патничко моторно возило „киа капитал“ со беровски регистарски ознаки, управувано од А.М.(20) од с.Русиново, удрило во пешаците Ж.М.(59) и К.П.(38), двајцата од с.Русиново. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле двајцата пешаци констатирани во Медицинскиот центар во Штип“, велат од МВР.

Извршен бил увид од страна на полициска екипа.

Share
Scroll to Top