Јамајканската атлетичарка Шели-Ен Фрејзер-Прајс победи на денешниот митингот во Најроби, во нејзината прва трка во сезоната.
Таа истрча 100 метри за 10,67 секунди, што е одличен резултат за стартот на сезоната и воедно најдобар резултат оваа година во светот.
Фрејзер-Прајс, осумкратна олимписка медалистка и вицешампионка од Токио, со овој резултат се приближи до личниот рекорд од 10,60 секунди што го постави во август 2021 година во Лозана.
Само четири спортистки во историјата трчале побрзо од неа – Американките Марион Џонс (10,65 секунди) и Кармелита Џетер (10,64), нејзината сонародничка и олимписка шампионка Елејн Томпсон-Хера (10,54) и контроверзната светска рекордерка Американката Флоренс Грифит- Џојнер (10.49).