WhatsApp објави дека е овозможена поддршка за неколку нови функции преку најновото ажурирање.
Поддршката е овозможена за реакции, зголемена е големината на фајловите што може да се префрлат, а поддржан е и поголем број на членови на групите.
In 2011 we introduced Group Chats, and we haven’t stopped improving since. In the coming weeks, we’ll roll out the ability to share files up to 2GB and add more people to your groups so you can continue creating and nurturing meaningful, private connections. https://t.co/mcJpQVIVTU
— WhatsApp (@WhatsApp) May 5, 2022
Ова значи дека групните разговори ќе бидат помалку преполни со реакции; наместо 100MB сега лимитот за пренос на датотеки е 2GB; можноста за додавање до 512 луѓе во групните разговори ќе им овозможи на бизнисите да користат WhatsApp на повеќе начини.
Додавањето реакции на WhatsApp доаѓа само еден месец откако Telegram ја доби истата функција. Можноста да се одговори на пораките со реакции ќе им овозможи на корисниците да не оставаат често напишани реакции, што ќе го намали метежот во самиот разговор.
Друга нова функција е испраќање фајлови со големина до 2 GB. Претходната граница беше 100MB, што е многу малку за денешните услови. Интересно, Telegram воведе ограничување од 2 GB за датотеки уште во јули 2020 година.
На крајот, WhatsApp го зголеми бројот на луѓе кои можат да учествуваат во еден разговор и сега е 512. Овој пат WhatsApp не ја копираше Telegram, бидејќи оваа платформа од 2019 година дозволува групи со најмногу 200.000 членови.