Биткоинот падна на најниско ниво од јануари

пред 2 години

Биткоинот денеска потона на најниско ниво од јануари, бидејќи падот на берзата продолжува негативно да влијае на криптовалутите, чие тргување го следи таканаречениот ризичен имот, како што се акциите на технолошките фирми.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

Биткоинот падна на 33.266 долари во утринското тргување во Азија, приближувајќи се на најниското ниво од јануари, кога беше 32.951 долар. Падот под тоа ниво би бил најниската вредност на биткоинот од јули минатата година, пишува „Ројтерс“.

Според најновите достапни податоци од крипто-пазарот, биткоинот моментално малку закрепнал и се тргува за околу 33.500 долари, односно е во пад од 1,4 отсто на дневна основа, пренесува српската агенција „Танјуг“.

Share
Scroll to Top