Премиерот на Белгија, Александар де Кро разменувал пораки со италијанската порно актерка Евелин Делај, пренесоа италијанските медиуми. Тоа го откри Делај за време на нејзиното гостување во емисијата Non e I’Arena.
Делај откри дека Кро ѝ понудил и 4000 евра за два часа сексуални услуги. Таа ги покажа пораките кои си ги разменувале преку апликацијата „ВацАп“. Тие се допишувале во 2019 година, додека Кро бил вицепремиер и министер за развојна соработка.
„Ме замоли да се видиме на 24 ноември 2019 година, но бев принудена да го одбијам. До неодамна не ни знаев кој е сè додека еден филмски продуцент од Белгија не ми посочи дека е премиер“, рече Делај и призна дека Кро не ја контактирал откако станал премиер во 2020 година.
Таа додаде и дека ѝ е жал што не успеале да се сретнат. За потсетување, белгискиот премиер Александар де Кро (46) е оженет и има две деца.