Одбивањето да и се даде на Украина статус на кандидат за ЕУ би значело измама на Украина од страна на Европа, оцени украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба.
var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);
Тој за „Фајненшл тајмс“ изјави дека Украина летово очекува да добие статус на кандидат за влез во Европската унија и дека ако не добие статус на кандидат, тоа ќе значи само едно – дека Европа се обидува да ја измами, пренесува Униан.
Кулеба наведува дека Украина е единственото место во Европа каде што луѓето гинат за вредностите на кои се заснова ЕУ и тоа треба да се почитува.





