Маричиќ-Данци: Швајцарската донаторска помош е директна поддршка на европските реформи

пред 3 години

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ имаше средба со Патрициа Данци, генерална директорка на Швајцарската агенција за развој и соработка, придружувана од Вероник Улман Марти, амбасадорка на Швајцарската Конфедерација во Северна Македонија.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

„Швајцарија е еден од врвните билатерални донатори во земјава која има дадено значаен придонес од 1992 година наваму и тоа во клучни сектори од интерес за земјата и граѓаните во областите демократско владеење, учество на граѓаните, локално владеење, но и за инфраструктура, прашања поврзани со водите и рамномерниот регионален развој, како и родовата еднаквост“, истакна Маричиќ на средбата.

Маричиќ и Данци разговараа за Швајцарската стратегија за соработка за Северна Македонија 2021-2024 која е тесно усогласена со реформските процеси на Владата за продолжување на интеграцијата во ЕУ и напорите за постигнување на целите за одржлив развој.

Воедно посочија дека поддршката од швајцарската влада за идентификуваните тематски приоритетни области за заедничка соработка, во вредност од околу 65 милиони швајцарски франци, овозможува поддршка на проекти кои ќе придонесат во реализацијата на реформските процеси и усогласувањето со стандардите на ЕУ, но и ќе го подобрат квалитетот на живот на граѓаните.

Маричиќ изрази благодарност до Данци за личната заложба и учество во обезбедувањето на донаторската поддршка, за која се согласија дека ќе биде проширена и на високо ниво со цел да се рационализира и да придонесе во спроведувањето на европската агенда во земјата кои се приоритет на Владата.​

Share
Scroll to Top