Еден од најбогатите луѓе на светот Бил Гејтс има корона. Тој доби позитивен тест и во моментов е во самоизолација. Софтверскиот магнат потврди дека бил заразен со ковид, вирус на кој предупредува веќе две години и кој смета дека луѓето на планетата го немаат сватено сериозно.
Тој додаде и дека претходно примил вакцина и бустер доза, пренесе „Њујорк тајмс“.
„Тестиран сум на корона и резултатот е позитивен. Имам благи симптоми и ги слушам советите на експертите. Ќе бидам во изолација додека не оздравам. Имам среќа што сум вакциниран. Примив и бустер доза и имам одлична медицинска нега“, рече Гејтс.
Тој додаде дека неговата фондација денес се состанува за првпат по две години и дека на состанокот ќе присуствува преку интернет.
„Ќе продолжиме да работиме со партнерите и ќе направиме се што можеме за да обезбедиме дека никој повеќе нема да мора да се носи со пандемијата“, рече Гејтс.
За потсетување, милијардерот за многумина беше контроверзна личност и дека тој е причината поради која светот се соочува со опасниот вирус. Гејтс беше обвинуван дека тој го произвел и пуштил со цел да се намали светската популација.