НАТО: Не сакаме директен конфликт со Русија

пред 3 години

Со пружање поддршка на Украина и зајакнување на сопствената одбрана, НАТО се обидува да ги минимизира ризиците од директен конфликт со Руската Федерација, изјави денеска заменик генералниот секретар на Алијансата.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

„Мораме да се погрижиме, со поддршка на Украина, со зајакнување на одбраната на НАТО, да не создадеме ризик од ескалација кон војната меѓу НАТО и Русија“, рече тој во Вашингтон, пренесува РИА Новости.

Заменик-генералниот секретар на Алијансата нагласи дека НАТО има одговорност да обезбеди „оваа војна да не се прошири понатаму, бидејќи тоа би довело до дополнително страдање, смрт и поголема нестабилност ширум светот“.