Пратениците на СДСМ не си ја заработуваат ниту платата. Во период од јули до декември 2021 година, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ имале три пати повеќе активности од тие на СДСМ. Во споменатиот период пратениците на ВМРО-ДПМНЕ имале 109 дискусии во Собранието, наспроти 36 од страна на СДСМ. Идентично е и во бројот на репликите каде пратениците од ВМРО-ДПМНЕ имаат 127 реплики, додека тие на СДСМ имаат 83 реплики, изјави на денешната прес-конференција, Бојан Стојаноски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.
var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);
Тој додаде дека исти се и бројките кога ќе се погледне соодносот на власта и опозицијата. Имено партиите од опозицијата имаат 128 дискусии во периодот јули – декември 2021 година, наспроти 54 на тие од власта. Соодносот кај репликите е 130 наспроти 93.
Стојаноски истакна дека бројките од активностите во Собранието покажуваат дека пратениците од СДСМ и ДУИ не си ја работат работата и не си ја заработуваат ниту платата. Оваа статистика покажува колку пратениците на СДСМ и ДУИ се само марионети на Заев и Ковачевски, наместо пратеници кои ќе креираат законски решенија тие се гласачка машина за Заев и Ахмети и сега нивниот администратор Ковачевски.
Затоа е и нервозата кај СДСМ и ДУИ бидејќи пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата и до сега се спротивставија на сите штетни закони и не дозволија нивно проаѓање во Собранието, но тоа ќе биде скоро и невозможно во наредниот период. Со активната блокада нема да дозволиме ниту најмала шанса да поминат лоши закони и ќе ја притиснеме власта на избори, изјави Стојаноски.