Русија се заканува со воена акција поради одлуката на Финска

пред 3 години

Русија ќе биде принудена да одговори на одлуката на Финска да влезе во НАТО, се вели во соопштението на руското МНР.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

– Влезот на Финска во НАТО е радикална промена во надворешната политика на земјата. Русија ќе биде принудена да преземе одмазднички чекори, како воено-технички, така и од различна природа, за да ја запре заканата за нејзината национална безбедност – се наведува во соопштението на руското Министерство за надворешни работи, пренесува Ројтерс.

Претходно денеска, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека пристапувањето на Финска во Северноатлантскиот договор „секако ќе претставува закана за Русија“.

– Москва ќе ги анализира последиците од таквиот чекор за сопствената безбедност – рече Песков.