Поштата на Полска испечати ограничено издание на поштенски марки со ликот на украинскиот претседател Владимир Зеленски, а и покрај нивната висока цена, сите поштенски марки биле продадени за помалку од еден ден, изјави денеска иницијаторот на акцијата, членот на градскиот совет на Краков, Лукаш Вантух.
var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);
Според него, испечатени биле 99 листови од по девет марки, од кои секоја е нумерирана и има QR код.
Цената на една марка била 500 злоти или 106 евра, пренесува агенцијата „Униан“.
Како што рече Вантух, целата сума од продажбата на поштенските марки е наменета за набавка на хуманитарна помош за Украина.
Една од поштенските марки ќе му биде врачена на украинскиот претседател Владимир Зеленски, додека разгледница адресирана со оваа марка е испратена до рускиот амбасадор во Полска, Сергеј Андреев, на која пишува: „Добровечер, ние сме од Украина“.





