Поранешниот американски претседател под истрага: Дали Трамп погрешно ракувал со доверливите записи?

пред 3 години

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп е под истрага на Сојузното обвинителство и се разгледува дали лошо постапувал со доверливи записи кои завршиле во неговата резиденција на Флорида, објави Њујорк Тајмс, пренесува Ројтерс.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

Демократскиот пратеник Бени Томпсон во соопштение рече дека петте републиканци кои ги примиле повиците имаат информации за настаните што довеле до нападот.

Според Ројтерс, властите побарале и интервјуа со луѓе кои работеле во Белата куќа во последните денови од владеењето на Трамп.

Истрагата беше покрената откако Националната управа за архиви и евиденција откри дека пронашла 15 кутии со документи, вклучително и доверливи записи што Трамп ги однел на својот имот кога ја напуштил Белата куќа во јануари 2021 година.

Трамп претходно потврди дека се согласил да врати одредени записи во архивите, нарекувајќи го тоа едноставен и рутински процес.

Во исто време, водечкиот републиканец во Претставничкиот дом на САД, Кевин Мекарти и уште четворица претставници на таа партија добија повици во четвртокот да сведочат од комисијата што го истражува нападот на приврзаниците на Доналд Трамп врз Капитол на 6 јануари 2021 година.

Мекарти им рече на новинарите во четвртокот дека истрагата е „нелегитимна“, но не одговори на прашањата дали ќе одговори на повикот.

Другите републикански пратеници кои ги примија повиците беа Џим Џордан, Мо Брукс, Скот Пери и Енди Бигс.

„Целата работа е шарада“, рече Пери за повиците. Поддржувачите на поранешниот републикански претседател Трамп упаднаа во зградата на Капитол во знак на протест додека Конгресот ја потврди победата на демократот Џо Бајден на изборите во ноември 2020 година, потсетуваат тамошните медиуми.

Во написите се додава дека Комитетот се обидува да утврди што направил Трамп додека илјадници негови приврзаници ја нападнаа полицијата и го вандализираа Капитол.

Share
Scroll to Top