Почина Претседателот на Обединетите Арапски Емирати – еден од најбогатите лидери во светот

пред 3 години

Претседателот на Обединетите Арапски Емирати, шеикот Калифа бин Зајед Ал Нахјан почина на 73-годишна возраст, оставајќи му на семејството богатство од околу 140 милијарди евра.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

Долгогодишниот лидер на Абу Даби почина во петокот, јавува државната новинска агенција ВАМ.

Според државната новинска агенција ВАМ, во соопштението се вели: „Министерството за претседателски работи изразува сочувство до народот на ОАЕ, арапските и исламските нации и светот за смртта на Неговото Височество Шеик Калифа бин Зајед Ал Нахјан, претседател на ОАЕ“.

Сега земјата ќе влезе во 40-дневна жалост. Властите ја прекинаа целата работа во министерствата, одделенијата, федералните и локалните институции и приватниот сектор на три дена, почнувајќи од петок.

Шеикот Калифа е претседател на ОАЕ од 2004 година по смртта на неговиот татко. Роден во 1948 година, тој беше втор претседател на ОАЕ и 16-ти лидер на Абу Даби.