Во текот на изминатите два дена од страна на полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје, во содејство со полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје извршени се контроли во угостителски објекти на подрачјето на СВР Скопје.
var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);
Притоа, од слобода се лишени 12 лица, од кои 11 од Скопје и едно од Охрид, бидејќи кај нив е пронајдена дрога.
Од нив, кај седум лица е пронајдена марихуана, кај четворица бела прашкаста материја, а кај едно и марихуана и кокаин.
Лицата се приведени во полициска станица и по документирање на случајот против нив ќе биде поднесен поднесок по член 215 од Кривичниот законик.