На 25. Златна бубамара на популарноста, актерот Драган Спасов Дац и пејачот Александар Митевски кои функционираат како дуо, на водителот Сашко Коцев му подарија „Љубовен пасош“.
Како што велат Дац и Александар привелигија за ваков пасош имаат само оние луѓе кои шират убава позитивна енергија во нашата земја, но и шират љубов.
„Сашко Коцев на “Златна бубамара” доби “Љубовен пасош” од нас. Го добиваат личности кои шират љубов и позитивна енергија во Македонија и во регионот..А нашиот Сашко е токму таков. Ќе гледате на снимката наскоро“, напишаа Дац и Александар.