Украинскиот претседател Володимир Зеленски вети дека ќе даде се од себе неговата земја да биде домаќин на Евровизија следната година.
var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);
Победникот на натпреварот традиционално е домаќин на Евросонг следната година, но со жестоките борби кои се уште траат во Украина, не е јасно каде ќе се одржи догодина.
Кога на Твитер беше предложено дека ако Украина не може да биде домаќин, тогаш Британија која е на второто место да биде домаќинот, министерот за одбрана на земјата Бен Валас одговори: „Вака или онака ќе биде во Украина!“
„ Нашата храброст го воодушеви светот, а нашата музика ја освои Европа“, напиша украинскиот претседател Зеленски на Фејсбук по победата на украинските претставници на овогодинешната Евровизија во Торино.
Зеленски им се заблагодари на оркестарот Калуш за победата и на сите што гласаа за Украина.
„ Сигурен сум дека нашиот победнички акорд во борбата против непријателот не е далеку“, додаде тој.