Талат Џафери пцуе, навредува, се заканува со сексуална конотација кон вработени во Собранието, сето тоа јавноста го слуша, а институциите молчат! Пионот Димитар Ковачевски се изјасни за наглув кон примитивизмот и насилството коешто го трпат вработените во Собранието од Талат Џафери, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.
var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);
„ Институциите молчат, а молчи и Стево Пендаровски, чиј што заменик, во негово отсуство е токму Талат Џафери! Молчат и пратениците од крими – коалицијата, молчат и од клубот на жени – пратенички, молчат сите, заглавени во заложништвото за да не им се растури крими – коалицијата ДУИ/СДСМ“ рече Стоилковски.
Според него, ова е скандал којшто не смее да помине тукутака само и само за одржување на крими – коалицијата на власт!
Молкот од институциите, како што рече, значат одобрување на примитивизмот на Талат Џафери!
„ Снимката од Собранието во коешто Талат Џафери се заканува со сексуално општење со членови на семејствата на вработени во Собранието го дава вистинското лице како се кршат човековите права, како се задушуваат протести, како се задушуваат штрајкови во Македонија од крими – коалицијата ДУИ/СДСМ. Молкот од институциите, недоветноста на Димитар Ковачевски, молкот од Стево Пендаровски, ја даваат вистинската слика што трпат и трпеа оние воспитувачки во градинките, наставниците, и професорите во основните и средните училишта, што трпат оние вработени во Пошти, во Управата за матични книги, воздухопловство, земјоделците при откупот на нивните производи по смешни цени. Сите оние што јавно но законски изразуваат револт кон крими – коалицијата СДСМ/ДУИ.
Молкот значи одобрување на примитивизмот на Талат Џафери и јавно воведување на начин за водење на институциите на државата од крими – коалицијата ДУИ/СДСМ“ изјави Стоилковски.
Тој порача дека Талат Џафери повеќе не смее да раководи со највисокиот орган на демократијата во Македонија. Џафери, рече тој, е недостоен да претставува било кого од граѓаните во Македонија.
Доколку Талат Џафери сам не се повлече и не си поднесе оставка, пратениците мора да повикаат на испитување на неговата деловна способност за функцијата претседател на Собранието, но и за пратеничката функција, додаде Стоилковски и заклучи дека Македонија не смее да биде заложник на личните кризи на Талат Џафери!